БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Утре во Делчево ќе се одржи трибина за реформите во образованието на која ќе се обрати Министерката Весна Јаневска

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Утре среда 24.09.2025 година со почеток во 20.00 часот во Делчево ќе се одржи работна трибина на која што ќе се дискутира за реформите во образованието кои што ги спроведува и ги планира Министерството за образование и наука на Владата на Република Македонија.

На трибината звое обраќање ќе има Министерката за образование и наука Весна Јаневска која што ќе ги запознае присутните за тековните процеси со кои што ќе се подобри образовниот процес а воедно ќе ги слушне идеите и аргиументите на присутните граѓани, наставници и професори кои што ќе бидат дел од овој настан.

Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево во врска со овој настан упатија свое соопштение во јавноста чиј што текст интегрално го пренесуваме во продолжение:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Со особена чест и задоволство Ве покануваме да присуствувате на настан од особено значење за образовната заедница, на кој свое обраќање ќе има Министерката за образование и наука на Република Македонија, г-ѓа Весна Јаневска.

Настанот има за цел да отвори отворен и искрен дијалог меѓу институциите и наставниот кадар, каде ќе се споделат идеи, предлози, визии и перспективи за иднината на образованието во нашата општина. Министерката ќе се осврне на стратешките насоки и планираните реформи, но и ќе одговори на клучните прашања кои Ве засегаат како професионалци и лидери во вашите училници.

Настанот ќе се одржи на:

Датум – 24.09.2025 година (среда)

Време – 20:00 часот

Локација – Ресторан Панорама (конферентна сала)

Зошто Вашето присуство е важно?

✅ Затоа што токму Вие секојдневно го живеете образованието – не како концепт, туку како мисија.

✅ Затоа што Вашиот глас треба да биде чуен таму каде што се носат одлуките.

✅ Затоа што секој конструктивен разговор со Вас е чекор поблиску до подобро, поправедно и поквалитетно образование.

✅ Затоа што промените се возможни – но само ако ги правиме заедно.

Со длабока почит и благодарност за Вашиот придонес.

Се гледаме.”

-стои во соопштението упатено до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот