Во присуство на пратеникот во Собранието на Република Македонија, Зоран Коцевски, кандидатот за градоначалник, Иван Гоцевски, носителот на советничката листа, Адријана Илиевска Велковски, заедно со тимот за развој на Делчево и многубројни членови и симпатизери ги отворивме вратите на граѓанскиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево.
Овој штаб не е само симбол, туку вистински простор за отворена соработка, дијалог и заедничко креирање на политики кои ќе го подобрат секојдневието во Делчево.
Отворени сме за сите ваши идеи, иницијативи и предлози, затоа што веруваме дека со меѓусебна доверба и активна вклученост на граѓаните, можеме да изградиме поуспешна и поубава иднина.
Да ја споделиме енергијата на промените и да го започнеме заедно новото победничко поглавје за Делчево!
Извор: Фејсбук
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Петар Ружински за Берово: Првиот впечаток за нашиот дом е најважен!
Јорданчо Костадинов: Во првата година од мандатот ќе обезбедиме нови подобри услови за дечињата во детската градинка во село Облешево
Советничката листа на СДСМ во Делчево го нема задоволено законскиот минимум на застапеност на жени, надлежните е потребно итно да реагираат!