Кандидатот за градоначалник на општина Делчево Иван Гоцевски на социјалните мрежи пред некој ден ја објави својата предизборна програма во која се застапени повеќе поглавја на структурирани тематски проекти кои што Гоцевски како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” е убеден дека ќе ги реализира во наредниот 4 годишен мандат.
Доминантно место во програмата на Иван Гоцевски кој во оваа градоначалничка трка ја бара довербата на сите граѓани на Делчево под редниот број 9 покрај инфраструктурата, проектите за младите, планот и визијата за развој ан културата, зазема Локалниот економски развој.
Во програмата на кандидатот од владејачката коалиција на централно ниво предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветено големо внимание на развојот на Туристичкиот локалитет Голак преку серија на капитални проекти кои што ќе овозможат постепен одржлив развој на туризмот на Голак која што после децении ветувања на редица политичари конечно ќе блесне во вистински сјај.
За развојот на туристичкиот локалитет Голак Иван Гоцевски заедно со неговиот тим на експерти предвидува
1. Реконструкција и ставање во функција на поранешното детско одморалиште на
Голак преку јавно приватно партнерство со финансиски средства од Буџетот на Општината во соработка со јавен приватен партнер
Реализацијата на овој проект е подеднакво важен како и
2. Проектот за обезбедување на зголемени количини на вода за пиење
за сите објекти во туристичката населба предвидени во ДУП Голак.
Моменталната состојба на статусот на поранешното детско одморалиште е тотално неповолна а според информации блиски до тимот кој работи заедно со Иван Гоцевски веќе има заинтересирани субјекти за враќање на сјајот на овој туристички капацитет во соработка со приватни инвеститори, кои имаат свои услови за обезбедување на доволна количина на вода, соодветна канализација со пречистителна станица и подобрување на останатата туристичка инфраструктура и содржини на Голак.
3. Изградба на нов терен за олимписки спортови на планината Голак
Овој проект кој што е втор на листата на проекти за идниот развој ан Туристичкиот локалитет Голак е целосен новитет кој што за првпат се појавува како политичка понуда за идниот развој на овој туристички локалитет. Според креаторите на Предизборната Програма “Вистинскиот избор за Делчево” заедно со Иван Гоцевски станува збор за изградба на целосно нови терени кои ќе бидат ставени на располагање на олимписки спортисти, професионалци како и рекреативци кои што ќе ги користат микро-климатските карактеристики на Туристичкиот локалитет Голак кои на околу 1300-1400 метри надморска височина се совршен баланс за спортски подготовки за врвни успеси.
Овој проект е предвидено да се реализира исто така во соработка со јавен-приватен партнер на Општина Делчево.
4. Регулирање на имотно-правните проблеми со градежните парцели во ДУП – Голак
и ставање на располагање на заинтересирани приватни инвеститори.
Овој проект чија што реализација се потиснува со години наназад ги оневозможува неопходноте предуслови за развој на туризмот на Голак и неговата брза реализација ќе значи и забрзан развој на Голак
5. Изработка на архитектонско-урбанистичка планска документација за врвот „Чавка“.
Моменталната состојба на постоечки објекти на врвот на планината Голак кои што се изградени во различни периоди во минатото без интегрален план за развој, е целосно неодговорен однос на сите чинители кои учествуваат во овој процес во минатото, но пред се првенствена одговорност на надлежните служби за архитектонско-урабанистичко планирање на јавните простори во општина Делчево, која резултира со стихиен и опортунистички пристап кој што не гарантира предвидлив развој. Токму затоа овој проект е насушна потреба за реализација на кој што треба под итно идната општинска власт предводена од Иван Гоцевски тоа да го реализира.
6. Формирање на прифатна депонија за комунален смет и подобрување на системот
за справување со комунален смет на планината Голак.
Процесот за прибирање, одлагање и справување со комуналниот смет во општина Делчево е особено горливо и тешко прашање со оглед на редица јавно присутни појави и манифестации на грди слики кои што директно го загрозуваат квалитетот на живот на граѓаните на Делчево, но предизвикуваат и рушење на јавниот имиџ на општината како грдо петно во крајниот исток од нашата држава.
Успешното реализирање на овој процес ќе значи сериозен индикатор на идните локални власти за нивната определба сериозно да го развиваат туризмот на Голак во наредниот 4 годишен мандат под раководство на Иван Гоцевски.
Следните три проекти извадени од програмата на Иван Гоцевски од ВМРО-ДПМНЕ за Голак исто така допринесуваат во конкретизирање и збогатување на туристичката понуда
7. Донесување на нова Програма за поддршка за промоција на туризмот на планината Голак.
8. Афирмација, обележување и уредување на велосипедска патека на планината Голак.
9. Афирмација, обележување и уредување на пешачки и трим-патеки за кондициски подготовки на спортисти.
Целата Предизборна програма “Вистинскиот избор за Делчево” на кандидатот за градоначалник на Делчево на овие Локални избори Иван Гоцевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ о Коалицијата “Твоја Македонија” е достапна во продолжение:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Петар Ружински за Берово: Првиот впечаток за нашиот дом е најважен!
Јорданчо Костадинов: Во првата година од мандатот ќе обезбедиме нови подобри услови за дечињата во детската градинка во село Облешево
Советничката листа на СДСМ во Делчево го нема задоволено законскиот минимум на застапеност на жени, надлежните е потребно итно да реагираат!