Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски по повод денешниот државен празник упати своја честитка до сите граѓани на општината и Република Македонија.
Денес го одбележуваме 11 Октомври — денот кога започна борбата на македонскиот народ за слобода, самостојност и независност.
Овој историски ден е симбол на вековната македонска борба за достоинство и државност.
Со почит и завет, кон генерациите македонски борци и херои, но и како обврска кон идните поколенија, должни сме да продолжиме да ја градиме Република Македонија во просперитетна, развиена, стабилна и современа држава.
Нека е честит и вековит националниот празник — 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ!
“
-напиша на социјалните мрежи Димчо Атанасовски кој што е и кандидат за градоначалник на овие локални избори од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија”.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Започна регистрацијата за обуката „AI4HerWellbeing“ – спој на вештачка интелигенција и благосостојба за жени во Кочани
36 годишен жител на делчевското селo Габрово го нарушувал јавниот ред и мир во кафеана а потоа физички нападнал полицаец
29 годишен жител од Кочани физички ја нападнат неговата сопруга