Градежната оператива на Јавното Претпријатие Државни Патишта интензивно работи на финиширањето на асфалтерските работи на регионалниот пат кој го поврзува селото Габрово со населбата Милково Брдо во Делчево.
Според информациите од одговорните лица во ЈПДП станува збор за целосно асфалтирање и завршување на овој патен правец во вкупна должина од 3200 метри.
Главна карактеристика која е значајна за реализацијата на овој проект е што конечно после долги години потреба и барање од страна на жителите на село Габрово како и сите други граѓани кои што возат по овој пат, конечно сообраќајната врска меѓу селото и градот Делчево се прошири од 3,5, метри на 5 метри широчина на коловозот, што претставува сериозно подобрување на сообраќајните услови на оваа патна делница.
Проширувањето на патот се однесува на должина од 1700 метри од стационажа на излезот од град Делчево до влезот на селото Габрово кај селската црква Св. Димитриј.
Вкупната инвестиција за реализацијата на овој проект изнесува 22 милиони денари обезбедени од Буџетот на Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт.
Претходно беа направени сите потребни подготовки за реализацијата на овој витален сообраќаен инфраструктурен проект за голем број граѓани на општина Делчево кои гравитираат кон овој дел од општината, согласно предвидената динамика беа завршени земјените работи за пробивање, тампонирање, валирање на планумот на патот како и формирање на земјаните банкини и канавки согласно диспозицијата на трасата на терен.
Денеска градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски ги посети работниците кои што посветено и интензивно работат на завршните асфалтерски работи, иако е недела, сепак интенцијата е што поскоро овој проект да биде реализиран на интерес на жителите кои сообраќаат по овој патен правец.
“Желбата да се помогне максимално експресно, на жителите на село Габрово е видлива кај вработените на Јавните претпријатија Државни патишта и Македонија пат.
На регионалниот пат Делчево- село Габрово се работи и за време на викенд и во лоши временски услови за да жителите на нашето Габрово добијат модерна и безбедна сообраќајница што побргу.
Овој проект со децении наназад беше барање и потреба на жителите на село Габрово, нивните семејства и пријатели кои гравитираат во овој дел од општината.
Разминувањето на возилата и прегледноста на овој регионален пат сега ќе биде далеку побезбедно, што ќе значи помалку проблеми за граѓаните.
Ваквиот инфраструктурен проект покрај подобрувањето на животниот стандард на жителите е важен и за Локалниот економски развој, плановите за развој на руралните населби и туризмот во блиска иднина.
#ПроектиЗаГраѓаните#РегионаленПат#Инфраструктура#ОпштинаДелчево#СелоГаброво#ЈПДП#соработка#ЛЕР#Туризам#РураленРазвој“
-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски во врска со реализацијата на овој значаен проект за жителите на село Габрово.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година