Во рамки на програмските определби на Владата на Република Македонија, преку Министерството за образование и наука, жителите на општина Карбинци конечно добиваат нови, современи услови за образование, спорт и рекреација.
Тоа што недостигаше во изминатиот период, а сега е главен фокус на градоначалникот Виктор Паунов како резултат на неговите напори за подобрување на севкупната инфраструктура во Крабинци, во континуитет се реализира со крајна цел подобрување на стандардот за живеење на сите граѓани на оваа општина во Брегалничкиот регион.
Станува збор за целосна реконструкција на училишната спортска сала за уредување на една нова совремно-функционална целина во Карбинци со што првенствено ќе се подобрат условите за образовниот процес за учениците, но и отварање на можност оваа сала да се користи и за други активности за потребите на граѓаните и локалната самоуправа.
За реализацијата на овој проект Општина Карбинци и Македонската влада издвија 4.22 милиони денари од Буџстот реализирани преку програмските активности на Министерството за образование и наука и Градоначалникот.
Реализацијата на проектот денеска пред медиумите ја најави градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов:
“Денес започнуваме уште еден важен проект во Карбинци!
Училишната спортска сала наскоро ќе добие нов лик и нови модерни услови за спортување. Нов специјален под, реконструкција на плафонот и ново осветлување се дел од проектот кој е вреден 4.219.878 денари инвестиција која се реализира заедно со министерството за образование! ![]()
“
-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот Виктор Паунов во врска со реализацијата на овој значаен спортски проект.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево