БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Со поддршка од Македонската влада до нова спортска сала: Карбинци добива современи услови за образование, спорт и рекреација

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во рамки на програмските определби на Владата на Република Македонија, преку Министерството за образование и наука, жителите на општина Карбинци конечно добиваат нови, современи услови за образование, спорт и рекреација.

Тоа што недостигаше во изминатиот период, а сега е главен фокус на градоначалникот Виктор Паунов како резултат на неговите напори за подобрување на севкупната инфраструктура во Крабинци, во континуитет се реализира со крајна цел подобрување на стандардот за живеење на сите граѓани на оваа општина во Брегалничкиот регион.

Станува збор за целосна реконструкција на училишната спортска сала за уредување на една нова совремно-функционална целина во Карбинци со што првенствено ќе се подобрат условите за образовниот процес за учениците, но и отварање на можност оваа сала да се користи и за други активности за потребите на граѓаните и локалната самоуправа.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За реализацијата на овој проект Општина Карбинци и Македонската влада издвија 4.22 милиони денари од Буџстот реализирани преку програмските активности на Министерството за образование и наука и Градоначалникот.

Реализацијата на проектот денеска пред медиумите ја најави градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов:

“Денес започнуваме уште еден важен проект во Карбинци!

▶️ Училишната спортска сала наскоро ќе добие нов лик и нови модерни услови за спортување. Нов специјален под, реконструкција на плафонот и ново осветлување се дел од проектот кој е вреден 4.219.878 денари инвестиција која се реализира заедно со министерството за образование! ⚽️🏀

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот Виктор Паунов во врска со реализацијата на овој значаен спортски проект.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace