БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Лишени од слобода возачи во Велес, Куманово, Македонска Каменица, Струга и Прилеп затоа што управувале возила под дејство на алкохол

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На 27.12.2025 во 19:27 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода В.Д.(63) од Велес. При сообраќајна контрола на ул.„АСНОМ“ во Велес е сопрено патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,60 промили алкохол во крвта.

На 28.12.2025 во 01:25 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.П.(38) од село Четирце, кумановско. При сообраќајна контрола на ул.„Доне Божинов“ во Куманово е сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,51 промили алкохол во крвта.

На 28.12.2025 во 00:00 часот во Мaкедонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишија од слобода Д.С.(30) од Македонска Каменица. При сообраќајна контрола на ул.„Осоговска“ во Македонска Каменица е сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со регистарски ознаки од истиот град , кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,53 промили алкохол во крвта.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На 28.12.2025 во 01:30 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода О.В.(44) од с.Ташмаруништа, струшко. При сообраќајна контрола на регионален пат на место викано „Кореа“ е сопрено патничко возило „сеат“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,71 промили алкохол во крвта.

На 28.12.2025 во 03:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода И.Н.(34) од Прилеп. При сообраќајна контрола на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп е сопрено патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,65 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace