Какво е чувството кога ќе ја видите над 70 години постоечката училишна зграда во која сте и сам учеле пред 60-тина години, сега во ново руво, со модерни училници, простории, модерна и енергетски ефикасна фасада?
Одговорот на ова емотивно прашање кое буди многу спомени низ повеќе децении наназад може најсреќно да го соопшти чичко Драги од село Радање во општина Карбинци.
Токму тој имаше можност меѓу првите жители да му го честита постигнатиот успех на градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов и веројатно низ понекоја солза да ги сподели сопствените импресии од овој чин.
“Чичко Драги од село Радање се присети на времето кога учел во ова училиште пред повеќе од 60 години!
Оваа зграда датира од 1934 година, после речиси еден век, добивме нов објект, модерни услови за настава. Во ова училиште настава посетуваат околу 70 ученици.
Ние вложуваме во образованието, во иднината! ✅”
-напиша на социјалните мрежи Виктор Паунов-Градоначалник на општина Карбинци во врска со оваа значајна средба.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија