БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Гане Тодоровски: Нашиот Сандански

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На 22 април 1915 година на патот од Рожденскиот манастир кон Неврокоп бил извршен атентат врз Пиринскиот војвода Јане Сандански.
Нападот бил извршен од група од 7-8 луѓе кои биле вооружени со пушки кои биле дел од неврокопската чета на ВМРО Автономистичка (водена од Тодор Александров и Александар Протогеров)

Нашиот Сандансkи

НА КЛЕВЕТНИЦИТЕ ОД РАДИО-СОФИЈА

Минува разлистен април, наметнал облека цветна,
ставата негова красна – тоа е нашето поле;
минува мирисен април, лазурот небесен светнал,
расцветан, насмевнат тој е, во мојот поглед волен.
Денеска радосен порој јури низ срцево мое,
дишам јас безмерно, мошно, в градиве пролет
се шири;
денеска в спомен ми расне светлото име твое
денеска в спомен ми расне април и личен Пирин.
За тебе песнава гласи; знам јас, просторот мал е
но широк имаме простор: – целата слободна страна
целиот народ те носи наедно срце со Гоце,
нашиот народ го сака Сандански – верниот бранач.
Земјата твоја е ширна. Земјата твоја е тоа,
народот в борбите роден, заветот твој го знае,
името твое е кај нас символ на животот среќен,
името твое е кај нас жив дел од денот сјаен.
В песнава несакам појке за тебе Јане да пишам
нашиот живот е сведок како те сакаме ние,
в песнава сакам јас машки подлеци срамни да стишам
онака гневно и тврдо, ко ти што такви си биел.
клевети смешни и груби виреат в устите туѓи
родот наш книжно бил створен, јазик сме немале
мајчин. Старите песни се тоа, песни на нашите врагој,
рубата нивна е денес скроена на друг начин.
Онака гневно и смело, ти. ко што такви си ринел
онака својски и мошно, со мојот роден јазик
одвраќам: пцетата лајат, керванот сигурно мине,
одвраќам: лагите плитки, народот наш ќе ги згази.
Сандански- синот на Пирин, синот на нашата страна
дел е од животот суров, дел е од нашата сила;
го носи в срцето свое народот слободен станат
што цени слобода златна, што љуби земја мила

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Гане ТОДОРОВСКИ

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace