БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: За автопатот Охрид – Кичево направивме многу повеќе отколку владата на Заев. Автопатот ќе го завршиме во предвидениот рок

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

За 1 година и 9 месеци направивме многу повеќе отколку било кој влада претходно на автопатот Охрид-Кичево. Го градиме засилено и ќе го доизградиме во предвидениот рок, вели вицепремиерот Николоски во интервју во поткастот на порталот Курир. 

“ Кога бевме избрани, дадовме заложба дека нема да го менуваме последниот рок кој што го даде претходната влада, а тоа е крaјот на оваа година и оваа година ќе го завршиме. Инаку овој автопат почна да се гради во февруари 2014 година што значи повеќе од 12 години се гради. Оваа Влада го гради 1 година и 9 месеци и за тоа време напрaвивме многу повеќе отколку 7 години на владата на Зоран Заев. Кога бевме ние избрани, не километар, метро асфалт немаше. Целкупната траса од Охрид до Кичево во јули месец 2024 година немаше ни едно метро асфалт. Нас ни беше потребно околу 3 месеци да го проучиме и затоа велам дека овој период од 1 година и 9 месеци постигнаме многу повеќе од било кој претходно. Минатото лето пуштивме 34 км делници и очекувам набрзо да пуштиме и нови. Најтешкиот дел го стабилизираме со галерии, нешто што за прв пат се гледаат во целиот регион, имаме 14 галерии во серија, што е огромен предизвик. Домашни фирми го прават тоа и покажуваме дека имаме капацитет како држава” – истакна вицепремиерот. 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace