БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Берово Петар Ружински потпиша два значајни договори за инвестирање во Малешевијата.

Станува збор за капитални инвестиции со кои што значително ќе се подобри стандардот за живеење за беровчани но и како додадена вредност подобрување на инфраструктурата во интерес на Локалниот економски развој и туризмот по кој што Берово е надалеку прочуено.

“Нови инвестиции за Берово – потпишани договори за два значајни проекти

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Денеска, во Министерството за локална самоуправа, ги потпишав договорите за реализација на два значајни проекти за Општина Берово, кои ќе придонесат за подобрување на локалната инфраструктура и условите за живот на граѓаните:

✔️ Реконструкција на крак 1 и крак 2 од ул. „15-ти Корпус“, за кој се одобрени 2.677.646,00 денари;

✔️ Оградување и партерно уредување на Депонија за градежен шут, на локалниот пат „Берово – Абланица -Црвен Брег”, за кој се одобрени 443.539,00 денари.

Овие проекти, се одобрени од Министерството за локална самоуправа, во рамки на Повикот за финансирање за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност, за 2026 година.

Изразувам искрена благодарност до Министерството за локална самоуправа, за поддршката и препознавањето на потребите на нашата општина.

Преку овие инвестиции, продолжуваме посветено да ја унапредуваме инфраструктурата , со побезбедни улици и патишта, поуредени јавни површини, подобра пристапност и поквалитетно секојдневие за сите граѓани.”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на Берово Петар Ружински во однос на овие две значајни инвестиции на централната влада за жителите на општина Берово.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace