БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градинките во Аеродром се претворија во еко-работилници: малите херои учеа како се селектира отпад

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во градинките во општина Аеродром се одржа серија едукативни и креативни работилници за правилно селектирање отпад, наменети за деца од предучилишна возраст. Под мотото „Малите еко-херои за чиста иднина“, компанијата „Еуро-Екопак“ како колективен постапувач за отпад од пакување, преку игра, разговор и уметност ги доближи до најмалите основните навики за грижа кон природата и животната средина.

Работилниците се одржуваа минатата недела, секој ден на различна локација, опфаќајќи ги градинката „Буба Мара“ и нејзиниот клон „Сонце“, како и градинката „Срничка“ со објектите „Бамби“, „Чекорче и штурче“ и „Калинка“. Децата имаа можност на практичен, креативен и интерактивен начин да научат зошто е важно отпадот правилно да се селектира.

Во рамки на активностите, уметник ги водеше децата низ процес на боење канти за селекција на отпад со еколошки симболи. Преку цртање, игра и едноставни практични примери, најмалите учеа како да препознаваат различни видови отпад, каде треба да се одложуваат и како секојдневните навики можат да придонесат за почиста и поздрава околина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

– Веруваме дека еколошката едукација треба да започне уште од најмала возраст. Децата најлесно учат преку игра, боја, креативност и личен пример, а токму тоа беше суштината на овие работилници. Со проектот „Малите еко-херои за чиста иднина“ сакаме да им покажеме дека и тие, со мали секојдневни постапки, можат да бидат вистински херои за почиста и поздрава иднина. Особено ни е драго што Општина Аеродром ја препозна важноста на оваа иницијатива и даде поддршка за нејзина реализација – изјави Лука Луковски, директор на „Еуро-Екопак“.

Целта на мини-караванот е подигнување на еколошката свест кај децата од предучилишна возраст и развивање навики за правилно селектирање отпад уште од најраното детство. Преку едукативни и интерактивни работилници, креативни активности, учење преку игра и дружење, децата беа поттикнати да размислуваат за својата улога во заштитата на животната средина.

„Еуро-Екопак“ најавува дека и во иднина ќе продолжи со активности насочени кон едукација, подигнување на јавната свест и поттикнување на правилно селектирање отпад, со посебен фокус на најмладите генерации како носители на позитивни промени.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace