БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Матурантите од Пробиштип блеснаа пред своите сограѓани на свечено дефиле низ градот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Матурантите од гимназијата СОУ “Наум Наумовски Борче” од Пробиштип на свечен и симболичен начин излегоа од своето училиште на свечено дефиле по улиците на градот и се упатија на својата матурска прослава.

Овој настан “измами” голем број жители на Пробиштип да излезат по улиците на градот за да го проследат свеченото дефиле и да ги поздрават матурантите.

Градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски по повод овој настан упати своја порака преку социјалните мрежи со честитки и успеси во понатамошниот живот на матурантите:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Вечерва, градскиот плоштад блескаше од убавина, младост и позитивна енергија.

Заедно со СОУ “Наум Наумовски – Борче” ја промовиравме 62 генерација на матуранти.

Краткиот филм и фотографиите се доказ за убаво поминатото четиригодишно дружење.

Иако повеќе не се меѓу нас, споменот за другарските срца на Матеј и Никола вечно ќе живее кај сите.

За ученик на генерацијата беше прогласена Ангела Ацевска, која добива стипендија од општината за понатамошното образование.

Драги матуранти,

Вие не зрачевте само со убавина, туку и со знаење, надеж и соништа за иднината. Верувајте во себе, како што ние веруваме во вас.

Нека овој ден биде почеток на една убава и успешна приказна за сите вас!

Имајте убава и незаборавна матурска вечер!”

-напиша на социјалните мрежи Тони Тоневски- Градоначалник на Пробиштип.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace