Со режење на дотраениот асфалт и негов ископ и транспорт до соодветна депонија, општина Штип започна со реконструкција на улицата 8-ми Септември во штипската населба Св. Недела.
Градежна механизација на изведувачот во наредниот период ќе изврши целосна замена на дотраената водоводна инсталација како и нејзино надоградување со неопходните елементи за квалитетен доток на вода за домаќинствата кои што живеат на овој потег од населбата. Веднаш потоа ќе се започне со тампонирање и поставување на нов асфалт со што граѓаните ќе добијат целосно нова улица.
“Започнуваме со целосна реконструкција на Ул.,,8ми април” во населба Св.Недела во Штип. Во наредните недели ќе се работи на замена на водоводната линија, а веднаш потоа и асфалтирање на улицата.”
-соопшти градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево