БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На 13 јуни – „Women Power Cup 2026“ – спортски активности и забава во Кочани

created by dji camera

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

В сабота,  13 јуни 2026 година, со почеток од 17 ч., во училишниот двор на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, ќе се одржи спортскиот настан „Women Power Cup 2026“.

Во организација на „Грин хаб“ од Кочани, а со поддршка од Општина Кочани и повеќе стопански субјекти, настанот има цел да ги промовира спортот, здравите животни навики, женското учество во спортот и активното вклучување на младите во спортски и рекреативни активности.

Во рамките на настанот ќе се реализираат натпревари во баскет 3 х 3, фитнес, а се планирани активности за посетителите – за најмалите, за лица со попреченост и забава за публиката. На настанот се очекува учество на натпреварувачи од повеќе градови во државата, меѓу кои се и познати кошаркарски репрезентативци.Организацискиот тим ги повикува граѓаните да се вклучат и заеднички да придонесат во промоцијата на спортските активности, со што ќе дадат поддршка на значењето на спортот за локалната заедница.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот