Откако беше констатирана потребата за санација на еден од најзначајните коловозни мостови на реката Брегалница во Штип пред повеќе години, а овој проект беше препознат како потреба и приооритет од страна на Градоначалникот на Штип Иван Јорданов, конечно на терен започнаа изведбените работи за негова санација.
Станува збор за клучен сообраќаен мост преку кој поминуваат голем број на возила во текот на денот а чиј што век на експлоатација беше сериозно доведен под знак прашалник во изминатиот период.
Поставени се скелињата, стручни тимови и работниците веќе работат по што се очекува завршување на сложените градежни работи во најкус можен рок.
Станува збор за армирано бетонски мост- систем континуална греда на три полиња од кои средното поле е со најголем распон со променлив попречен пресек на главните носачи, поврзани со попречни носачи над кои е изведена армирано-бетонска коловозна плоча..
Информацијата за санирање на овој мост ја пренесе во јавноста градоначалникот на Штип Иван Јорданов кој на социјалните мрежи напиша:
“Започната е санација и реконструкција на еден од главните сообраќајни мостови на река Брегалница. Ова е само почеток на активностите кој се превземаат. Во наредниот период следува реконструкција и изградба на нови мостови на река Брегалница.”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здружението на пензионери – Кочани одбележа 54 години од основањето
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!