БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кампања за безбедно користење на земјоделска механизација во Берово

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општина Берово како претежно рурална општина во голема мера посветува внимание на околностите за развој на туризмот пред се но и земјоделието како застапен сектор.

Градоначалникот Петар Ружински во насока на исполнување на неговите програмски определби голем фокус дава на соработката со приватните стопанственици кои што во Берово во голема мера се во секторот земјоделие. Во рамки на неговите надлежности градоначалникот Ружински овозможува целосна поддршка на превентивната улога на Локалниот Совет за превенција преку кој се спроведува кампања за подигање на свесноста за одговорен однос во соо раќајот при користење на земјоделската механизација.

“Локалниот совет за превенција, со апел за безбедно учество на земјоделската механизација во сообраќајот

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во рамки на своите активности за унапредување на безбедноста во сообраќајот, Локалниот совет за превенција – Берово, изготви информативен флаер со препораки за безбедно користење на земјоделската механизација, на јавните патишта.

Целта на оваа активност е да се поттикне поголема одговорност кај возачите на земјоделска механизација, да се намалат ризиците од сообраќајни незгоди и да се придонесе кон поголема безбедност, на сите учесници во сообраќајот.

Со почетокот на земјоделските активности и зголеменото присуство на трактори и друга земјоделска механизација на патиштата, особено е важно да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел заштита на сите учесници во сообраќајот.

Ги повикуваме земјоделците и другите учесници во сообраќајот да се запознаат со препораките содржани во флаерот и со одговорно однесување да придонесат за побезбедни патишта и зачувување на човечките животи.”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на Берово Петар Ружински во врска со оваа активност.

Креирано од:


Пренеси го гласот