БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Хуманоста нема граници: Трибина за органодарителство организирана од Македонската Влада

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Македонскиот Премиер Христијан Мицкоски попладнево се обрати пред присутните во рамки на Трибината посветена на органодарителството.

“Денес зборуваме за органодарителството и трансплантацијата. Зборуваме за животот, зборуваме за надежта, зборуваме за хуманоста која не познава граници и која во најтешките мигови покажува колку е голема силата на човечкиот дух.

Органодарителството е еден од највозвишените чинови што човек може да ги направи. Тоа е одлука која не носи корист за оној што дарува, туку спасува животи на оние кои со денови, месеци или години ја чекаат својата шанса. Тоа е најсилниот доказ дека човечноста продолжува да живее и тогаш кога животот на еден човек завршува.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Токму затоа денес оддаваме најдлабока почит на сите донори и на нивните семејства. Нивната хуманост претставува светол пример за целото општество. Тие покажуваат дека и во најтешките мигови човекот може да најде сила да мисли на другите и да подари надеж таму каде што изгледало дека надеж повеќе нема.

Посебна благодарност заслужуваат и здравствените работници кои се дел од овој сложен и исклучително одговорен процес. Како држава, наша обврска е да бидеме нивен партнер во оваа мисија.

Затоа продолжуваме да вложуваме во здравствениот систем, во современа медицинска опрема, во нови технологии, во едукација и усовршување на медицинскиот кадар и во создавање услови трансплантациската медицина да продолжи да се развива и да достигнува нови успеси.

Да продолжиме да градиме општество во кое солидарноста не е исклучок, туку правило. Општество во кое хуманоста е наша најголема сила, а грижата за другиот човек наша најголема вредност.”

-напиша на социјалните мрежи Премиерот на Македонската влада Проф.д-р Христијан Мицкоски во врска со овој настан.

Креирано од:


Пренеси го гласот