Градончалникот на општина Штип не престанува со позитивните изненадувања за своите сограѓани во сите населби во општината. И најзаборавените катчиња од населбите и населените места во општина Штип добиваат нови содржини со кои што се подобрува животниот стандард на штипјани од сите аспекти на делокругот за работа на локалната самоуправа и градоначалникот поддржан од мнозинството во општинскиот Совет.
Најнов “атак” градоначалникот Јорданов имаше во населбата Леваци каде што беа уредени два нови спортски терени со целосно нова поставена урбана опрема од различен вид.
Жителите на оваа населба ќе можат да рекреираат и спортуваат на нови модерни спортски терени за мал фудбал и кошарка во иднина што не беше случај до неодамна.
Реализацијата на проекти за граѓаните во во Штип ќе продолжи со предвидената динамика и во наредниот период.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип
СОУ “М.М.Брицо” Делчево создава идни модни дизајнери кои што може од својата креативност да создадат бизнис