Посветената работа на градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов во функција на подобрување на живеачката за граѓаните се однесува на сите аспекти од делокругот на работа на општината. Во услови на динамична економија, потребата од брза и навремена комуникација со квалитетен градски превоз за граѓаните на општината Карбинци со соседните населени места е еден од најголемите приоритети. Воден токму од овие причини градоначалникот Паунов обезбеди реализација на нова јавна автобуска линија која што ќе вози на релација Штип-Карбинци со завршна станица во с. Радање.
Реализацијата на проектите за граѓаните продолжува и во наредниот период со дополнителни нови проекти кои што ќе бидат најавувани благовремено од страна на градоначалникот и општинската администрација.
“Од Септември се воведува нова автобуска линија Општина Штип- Општина Карбинци со завршна станица во с.Радање. ![]()
Новата линија значително ќе ја подобри поврзаноста на двете општини, а жителите ќе имаат редовен превоз.
Уште едно ветување од програмата се реализира ![]()
Продолжуваме да работиме активно и посветено!”
-информираше градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември