Денес (петок , 29.06.2018) во 13 часот официјално ќе се отвори Инфо центарот за параглајдинг и авантуристички туризам во центарот на Крушево.
На отворањето ќе присуствуваат градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски, Директорот на Агенциајта за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски и претставници од Амбасадата на Швајцарија.
Овој Инфо центар е поддржан од општина Крушево, АППТ и Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка, подржана од Свисконтакт, а целта на Центарот е да им служи на туристите во Крушево.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“
Рекордно издание на Регионалната конференција за е-трговија: Над 900 учесници од повеќе од 12 земји
МИНИСТЕРКАТА БОЖИНОВСКА ДЕЛ ОД ДРЖАВНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА COP31 ВО ТУРЦИЈА