На 5 јули започнуваат настаните од манифестацијата „Петровденски конаци“, со која Кочани ќе го одбележи Петровден, Празникот на Општината.
Организацијата е на Општина Кочани и Центарот за култура „Бели мугри“ која вклучува културни содржини од сценско-музичка, ликовна, литературна и тетарска дејност, како и спортски настан – „Петровденскиот турнир во мал фудбал“. Манифестацијата ќе стартува со концерт „Музика за флејта и пијано“ на флејтистката Златка Митева и пијанистката Наташа Трбојевиќ.

6 јули е ден на ликовното претставување на Божица Милојевиќ, Владимир Темков, Новица Трајковски, Љупка Галаска Василев, Игор Љубовчевски-Љубац и Гордана Винчич. 7 јули , поетска вечер која ќе заплени во етно стил.
Свој термин за Хип – хоп концерт ќе имаат и мега популарните чиста околина и токсикологија. А на 10 јули ќе уживаат и љубителите на џезот.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг