БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Оваа есен, мега популарните 2 CELLOS конечно во Скопје

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Долгоочекуваните 2 CELLOS како магичната музичка сензација , конечно со големо шоу во Скопје.

Една од најуспешните светски музички атракции во моментов, оваа есен доаѓа во Скопје. Во рамки на последната светска турнеја, насловена како и нивниот последен албум “Score”, популарното дуо ќе настапи во Скопје на 06ти октомври годинава, во ВИП Арена.

2 CELLOS за прв пат доаѓаат во Македонија со големо продукциско арена шоу, какво што во изминативе неколку години го имаат во сите големи арени низ целиот свет.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер во изминативе неколку години со својата брилијантна работа успеаа нешто што е навистина реткост во музичкиот бизнис. На нивните концерти нема празно место, а посетителите и нивните фанови, ја напуштаат салата со воодушевување. Едноставно момците пленат со својата појава и нивниот маестрален талент.

Билетите се во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн на веб страницата на ККЗС, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР 990 денари

ФАН ПИТ 1.500 денари (само 1.000 влезници)

ТРИБИНИ 1.200 денари (блок 1 и 15)

SILVER SEATS 1.500 денари (блок 2, 5, 6, 10, 11 и 14)

GOLDEN SEATS 1.990 денари (блок 3, 4, 7, 8, 9 и 12)

Креирано од:


Пренеси го гласот