Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски утрово преку социјалните мрежи објави кратко видео на кое се гледаат импресивни градежни работи на најтешката делница за изведба од автопатот Кичево-Охрид кој забрзано напредува кон неговоцелосно заокружување.Овие делници беа предмет на внимателно проектирање, анализи но и високостручна и посветена работа на градежната оператива која го гради автопатот во изминатиот период. Цели ридови и планински масиви беа вистински предизвк за спроведување на комплексни градежни зафати кои овозможија реализација на импресивни градежни системи и објекти за изградбата на овој автопат.
Премиерот Мицкоски информира дека 34 километри од автопатот веќе се реализирани и ставени во функција посветеноста во месеците пред нас ќе овозможи уште поголем напредок во изградбата на овој стогодишен проект за Македонија.
“Македонија забрзува!
Изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза и напредува со одлична динамика.
Денес гордо кажуваме дека решаваме еден по еден од наследените проблеми, најголемиот-свелечиштата и косините.
Првата галерија од вкупно 14 -те е целосно завршена и асфалтирана, вистинско инженерско чудо, кое бара врвни градежни решенија, особено поради сложениот планински терен низ кој минува трасата на автопатот.
Со силно темпо се работи и на тунелите, каде градежните активности се во самата завршна фаза.
Веќе 34 километри од автопатот се ставени во функција со кои постигнавме највисоки стандарди за безбедност и квалитет и кои секојднево се користат од граѓаните.
Остануваме целосно посветени на завршување на овој многу значаен капитален проект во рокот кој е предвиден.
Ова не е само проект, ова е автопат кој ги поврзува граѓаните, создава нови можности за стопанството, туризмот и целокупниот економски развој на државата.”
-напиша на социјалните мрежи Христијан Мицкоски-Претседател на Владата на Република Македонија.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене