БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Грозданов со честитка по повод Илинден: Благословена да е утробата на секоја мајка што ќе го продолжи македонскиот род

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод големиот национален празник Илинден, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, членови од Советот на Општината и општински граѓански и партиски делегации положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на споменикот на Никола Карев во Паркот на Револуцијата.

–  Денеска одбележуваме123 години од Илинденското востание во Крушево и 82 години од АСНОМ. 2 Август не е само обичен датум. 2 Август обединува два различни датума, една идеологија, многу генерации, една визија, а тоа е татковината на кога илинденците во 1903 се охрабрија и го подигнаа својот глас знаејќи и без тоа дека се многу послаби од противникот, невооружани, речиси и со голи раце и кога 10 дена нивното востание беше задушено и платија со своите животи, а своите коски ги оставија во темелите на нашата држава.

На 2 Август 1944 година во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ тие темели се надоградија со столбовите, институционалните столбови на нашата идна држава. А со осамостојувањето, еве денес, можеме гордо да кажеме дека живееме во слободна држава, го зборуваме мајчиниот јазик и ги градиме институциите самите ние. Слава на хероите. Благословена да е утробата на секоја мајка што ќе го продолжи македонскиот род. Благословени да се нашите наследници. Ние сме должни да го браниме заветот, а аманетот нека остане за идните генерации. За многу години, нека е вечен Илинден, да е вечна Македонија – повика градоначалникот Грозданов.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Честитка по повод големиот празник Илинден упати и пратеникот во Собранието, Миле Лефков.

– Со положување свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на споменикот на Никола Карев овде во Паркот на Револуцијата оддаваме почит на сите што се бореле за независна Македонија и ги оставиле своите животи. Илинден не е само наша историја Илинден е и наш завет завет за иднината за да градиме просперитетна, демократска, развиена и горда Македонија. Нека ни е вечен Илинден нека ни е вечна Македонија – рече Лефков.

Креирано од:


Пренеси го гласот