Вечерва делчевската публика имаше несекојдневна можност да биде дел од еден вон временски музички настан на гудачки квартет ВИВА СТРИНГС од Скопје.
Фоајето на Спомен домот АСНОМ со својот акустичен раскош беше достоен јавен простор за музичката перфекција на музичките волшебници кои се и дел од Македонската филхармонија. Репертоарот кој прозвучи низ битието на присутните вљубеници на овој музички безвременски “момент” во себе ја содржи исконската потреба на Македонскиот мелос да ги разгали душите и срцата на најпребирливите перфекционисти до ниво на радост.
Одличен настан кој ги заслужува сите одличја за трајни вредности.
Овде вечерва се роди траен аманет и ветување дека вистинските културни вредности имаат благопријатен простор во срцето на Пијанец да бидат уште посилно афирмирани во времето кое доаѓа. Ова се изјавите на Златко Начовски-Директор на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево и Дејан Теодосиевски- основач и член на Гудачки квартет ВИВА СТРИНГС од Скопје
На социјалните мрежи организаторите на настанот НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево упатија своја порака во јавноста:
“Несекојдневно доживување, во прекрасна атмосфера беше реализиран концертот на „Вива Стрингс“, класичен камерен состав во кој настапуваат две виолини, виола и виолончело.
Публиката имаше можност да ужива во врвни музички изведби со македонска музика од четворицата искусни музичари, кои се дел од Македонската филхармонија.
Со својот професионализам, емоционалната интерпретација и прекрасниот звук на гудачките инструменти, „Вива Стрингс“ приредија музичка вечер за паметење. ![]()
![]()
Благодарност до музичарите за прекрасниот концерт и до публиката која со своето присуство и аплаузи ја збогати оваа културна вечер.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам”
-стои во соопштението упатено до јавноста на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” ЖДелчево

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи