Во емисијата „Ѕид“, лидерот на политичката партија ГРОМ, Стевчо Јакимовски, при своето гостување истакна дека членството во НАТО е чисто политичко прашање, како и изјавата на Столтенберг каде и се заканува на Македонија, дека доколку не го промени името, нема влез во НАТО.
Јакимовски е со став дека мора да постои политички дијалог кој е особено важен како и реформи.
“И со овакви притисоци тие само го иритираат овој народ. Се претера со остапките што ги дадовме. Да менуваме устав, институции и имиња и историја ние допрва ќе имаме проблеми. Ова ќе биде само една фаза од нашето разнебитување. Јас сум убеден дека одговорот на граѓаните ќе биде соодветен на притисокот кој ни го прави. Ова е крајно понижувачки начин и никој не добил вакво понижување па дури и држави кои губеле војна и капитулирале”
-се надоврза Јакимовски во емисијата.
Тој додаде и дека начинот на кој се однесува Заев и СДСМ ќе ги отурнат од себе и оние неутралните, а за референдумот е убеден дека Македонците ќе се сплотат, ќе бојкотираат и дека нема да пројде.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина