БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пензионерите од истокот се мобилизираат за генералниот штрајк во среда пред Влада. Тргнување од Делчево во 08 часот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со сопствена организација пензионерите од Делчево, Берово, Пехчево, Македонска Каменица како и останати градови од истокот на државата се мобилизираат за да учествуваат на Генералниот штрајк пред Владата во Скопје кој ќе се одржи во среда 20.09.2023 година.

Пензионерите од Делчево како и останатите пензионери низ државата дотерани до питачки стап со актуелните политики на Владата на Димитар Ковачевски.

За таа цел пензионерите од цела Македонија во среда на 20 септември со почеток во 11 часот претпладне пред зградата на Владата ќе го искажат свјот револт против понижувачките политики на актуелната власт кон пензионерите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Тргнувањето од Делчево е во 08.00 часот од паркингот пред Спомен домот АСНОМ во центарот на градот. За секој пензионер кој што може и сака да го искаже својот револт против нискиот стандард на протестот во Скопје има обезбеден бесплатен слободен превоз од страна на Иницијативниот одбор за организирање на протестот.

Во повеќе наврати со недели наназад делчевските пензионери заедно со пензионерите од другите градови од истокот на државата протестираа во своите места на живеење, но глувоста на надлежните органи за проблемите на пензионерите ги натера оваа огромна група на граѓани на ваков радикален чекор на генерален штрајк во Скопје пред Владата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace