Еидинствените сламки за спас на владата на СДСМ и ДУИ се предизборната корупција со државни пари и ресурси и пеењето на песната “Сите се исти”.
Погледнете ги медиумите кои се под контрола или се во “љубовна врска” со власта!
-Мицкоски направил кворум во парламентот; Мицкоски недоволно жестоко се спротивставува на власта; Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за зголемувањето на платите од 78%…. е само дел од медиумскиот наратив на провладините мегафони кои што имаат единствена цел да го ПАСИВИЗИРААТ гласачкото тело во државата на претстојните парламентарни избори.
Ваквата кампања “Сите се исти” која е оркестрирана од ПР пропагандата на СДСМ има за цел да внесе недоверба, поделби и пасивизација на огромниот број на незадоволни граѓани на Македонија кои што секојдневно страдаат на еден или на друг начин под власта на СДСМ + ДУИ. Протнувањето на наративот “Сите се исти” од “независните влијателни новинари и аналитичари- поединци и медиуми” кај народот треба да создаде перцепција дека граѓаните немаат избор и дека кој и да биде на власт (СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ) за нив ќе биде исто.
Ваквата кампања која се спроведува на јавна сцена синхронизирана со радикалниот популизам на Левица, Максо, Палчо, Интегра, Стевчо и останати популисти има за цел единствено да го расцепка гласачккото тело на наредните избори со што идејата е да се овозможи на СДСМ да има шанси да направи повторно влада иако ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите. Ситнењето и слабеењето на силниот опозициски блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ единствено им оди во функција на СДСМ и ДУИ за нивен политички опстанок комодитет кој го носи власта и продолжување на агонијата во која се наоѓаат сите граѓани на државата. За таа цел провладините центри на моќ и влијание и нивните олигархиски експозитури нема да штедат пари за да корумпираат се што може да се корумпира за да дојдат до глас повеќе на изборите. Парите веќе не им се толку интересни, колку што се плашат за своите кожуринки во кои се обвиткани заштитено од моќта која ја дава власта. Тие пари секако потекнуваат од јавните пари од буџетот на институциите на државата, па откако за себе си наплатија “провизија” сега нема да им биде проблем на функционерите на СДСМ и нивните мецени да пуштат некој денар и за гласачите. Во оваа секојдневна сиромаштија и трка за преживување на граѓанаите добро ќе им дојде било каков прилив на пари, па токму затоа СДСМ (и ДУИ) се надеваат дека со злоупотреба на државни ресурси ќе си купи уште еден мандат од граѓаните на наредните избори
Овие две полуги на дејствување на СДСМ и ДУИ (кампањата “Сите се исти” и предизборната корупција) се единствениот остров за спас на бродот кој тоне а со сбе кон дното носи цел еден народ!
Како да се препознаат обидите на власта и нејзините пропагандни мегафони да создаде поделеност во опозицискиот блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ? И како да се спротивставиме на ситнењето на еден силен и обединет народен фронт кој што треба да ја врати државата на народот?
Тоа се прашањата кое што секој еден загрижен Македонец за иднината на МАкедонија треба да си го постави себеси.
НАРОДОТ Е ОРГАНИЗАЦИЈАТА И ОРГАНИЗАЦИЈАТА Е НАРОДОТ!
Погледнете во своето соседство, на својата улица, запрашајте се себеси кому имате доверба и кому би можеле да го дадете вашиот глас за да ве претставува и да ја управува државата во ваше име. Погледнете во очите на оние кои што ја бараат вашата доверба и сватете им ја сегашната реторика низ призмата на нивниот минат труд.
Неможе еден Максо да излегува во јавност и да зборува за патриотизам… или еден Стевчо, Палчо, Апасиев… Сите тие се политички “деца” на на една иста матрица на елитисти! И сите тие се убедени дека со попилизам т.е. да му се каже на народот тоа што сака да го слушне дека ќе ја завршат работата од која СДСМ и ДУИ сакаат да го извлечат најголемиот ќар.
Гласот на избори е врв на демократскиот чин. Ако тој глас го давате за едно вработување, ветување за вработување, пари пред избори, социјална помош, ваучер за летување, пакет храна…. Тогаш Македонија уште долго време ќе биде заложник на вакви бандити кои што до сега владееја во државата. И идните генерации ќе продолжат да го носат самарот на тоа што ние денес сме го товариле…
Време е Македонија да се надвисне над својата небиднина! Време е Македонецот да дојде по своето а тоа е слободата… Ќе си речете што ќе ми е мене слобода ако немам што да јадам, ако немам пари за сметки, пари за гориво….?
Е тука е најголемиот штос. Само слободен човек може да се бори за подобра иднина. Робовите ќе продолжат да живеат во иднина која им ја создаваат другите!
Пишува: Кирчо Анастасов


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст