Аман, има ли некој во нашите кабинети кој знае да користи дипломатски фрази и знае како се изразува жалење со дипломатски јазик?
Како може да се оправда гафот со „сличност на колоритот на знамињата“???? Се пишува ли такво нешто? Се пишуваат ли вакви детинести оправдувања за флагрантен дипломатски гаф? Па пола знамиња во светот имаат „сличен колорит“!!!! Ова ли е соопштение што треба да излезе од Кабинет на Шеф на влада???
Без објаснување изразете длабоко жалење за ненамерниот пропуст со кој несакајќи го навредивте канцеларот и цела една нација, и дека сте свесни колкаво е значењето и почитта што треба да се упати кон знамето како државен симбол и упатете извинување кон Курц и надеж дека оваа целосно ненамерна техничка грешка нема да се сфати како скриена порака кон пријателскиот австриски народ!…..
И државата на македонски јазик се вика Летонија!



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија