БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ако е вистина дека дедо му бил убиен со чекан во глава од бугарските фашисти, тогаш неговиот револт е оправдан

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во врска со денешната актуелна тема за приведувањето на пејачот Ламбе Алабаковски од страна на полицијата предводена од Оливер Спасовски како причинител на пожарот на влезната врата на бугарскиот клуб “Иван Михајлов” во Битола, со своја реакција се обрати во јавноста и поетот Митко Гогов.

Неговиот став го пренесуваме во продолжение во целост:

“ако е вистина историјата со дедо му, дека бил убиен со чекан во глава од бугарските фашисти и оставен три дена да го гледаат луѓето, тогаш неговиот револт е ете како оправдан. пред нос во 21 век убијците му отвориле централа во неговиот град, секако дека оваа информација тлеела во него и горела.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

но, и да не беше Ламбе, туку некој друг, ваквата реакција се очекуваше. никогаш не ги поддржувам ваквиот начин на изразување на незадоволство, но:

да стават по ѕидовите цитати дека нашата нација е измислена во препознатливиот конзулски град на Македонија, некој да го дозволи тоа, во најмала рака е казниво со закон. Ламбе заслужува поддршка, како и сите во иднина кои на овој или оној начин ќе изразат незадоволство кон внатрешните или надворешните политики кои ги водиме како држава.

луѓето кои коменираат неутрално и со воздршка почнувам да ги перцепирам малку со резерва, оти не, ние не сме варвари ако си ја вардиме државата, па макар и најнецивилизирано. шарената револуција, палењето на канцеларијата на иванов, демолирањето на јавните институции, нарушувањето на јавниот ред и мир со континуирани протести и тн. – не беше ништо поразлично од ова. затоа пресудата во моментот е клучна.

се прашувам само колку естрадата ќе го поддржи, важеше за миленик во неговата фела, во секој случај?!

во иднина да нема вакви индивидуални акти на решавање на проблеми кои ја мачат заедницата, едноставно треба да се прашаат граѓаните кога се отвораат вакви меѓународни канцеларии или центри. со оваа канцеларија немаше простор за соработка уште од самиот почеток, затоа Ламбе ја има и од мене поддршката да помине со најблага казна, а ние како народ да не оставиме такви талентирани, скромни и мирни луѓе да ја земаат судбината на Македонија во своја рака.”

-соопшти поетот Митко Гогов од Струмица.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace