БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

СДСМ и ДУИ го одбија предлогот на пратеникот Миле Лефков оризот да биде од највисок интерес на државата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во услови на глобална светска криза за храна, актуелната власт предводена од СДСМ и ДУИ не сака ни да разговара за подобрување на состојбито со производството на ориз кој што е еден од најзначајните земјоделски производи во Брегалничкиот регион.

Проблемите со оризопроизводството и пласманот на оризовата арпа ги доведоа на раб на егзистенција кочанските оризопроизводители во последните неколку години. Производството на оваа значајна земјоделска култура е до таа мера загрозено што цели семејства кои егзистираат од производство на ориз едноставно го напуштаат овој нерентабилен бизнис.

Во насока на посветување на поголемо внимание од страна на актуелните надлежни власти предводени од СДСМ и ДУИ во владата на Република Македонија, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков поднесе предлог за измена на Законот за Стокови резерво со кој што се предлага оризот да биде култура од особен интерес на населението.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Но и ваквиот афирмативен и корисен предлог како и многу други беа ставени на игнор од страна на владеачкот мнозинство во парламентот кои што гласаа против овој предлог.

“Собранието водено од СДСМ/ДУИ повторно го одби мојот предлог за измена на Закон за Стокови резерви со која оризот ќе биде култура од особен интерес на населението!

Законот се предлага во момент кога ни се заканува глобална прехрамбена криза, лидерите на Г7 повикаа на вонредна седница на Советот на Организацијата за храна и земјоделство во обид да се спречи глобална прехранбена криза ама “нашите” не сакаат ни да разговараат!

Не застануваме овде, продолжуваме утре, ќе бидеме упорни во барањата оризот да биде стратегиска култура и од особено значење!”

-соопшти пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace