БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Аларм со ѓубрето во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Веќе подолго време граѓани на Кочани реагираат до нашата редакција за целосна негрижа на надлежните служби во врска со справувањето со комуналниот отпад кој што е присутен низ целиот град.

Преполнети контејнери, расфрлан отпад околу нив, кучиња скитници претураат низ расфрланото ѓубре и дополнително постои можност за ширење на болести.

Фотографиите кои што во неколку наврати загрижени граѓани кои што сакаат да останат анонимни ги доставуваат до Брегалнички портал ја отсликуваат лошата слика за овој град кој што до пред извесно време беше пример за еден од најчистите градови во овој дел од државата. Но денес оваа слика е нарушена и се движи во сосема спротивен правец.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Кочани денес буквално плива во ѓубре. Ако само поминете со возило еве баш сега во радиус од 3-4 километри ќе го видете ова, на улица ,,Скопска” на улица ,,Охридска “, на ул. ,,1 ви Мај”, на ул,,Роза Петрова”, ул.,,Павлина Велјанова”, Белско маало плива во ѓубре, Ромско маало исто така… Вака Венко зелениот, еко – активист со отскочна даска од депонијадата, заборави на се што ветуваше…”

-стои во коментарот кој што до редакцијата на нашиот портал го достави еден од загрижените граѓани.

Влегуваме во кампања за локални избори на кои што веројатно една од темите за понуда кон граѓаните ќе биде и справувањето со комуналниот смет, па еве одлична шанса жителите на Кочани да изберат политичка понуда со најмногу кредибилитет и најдобри проектни активности за да оваа општина започне да го решава овој горлив проблем.

Креирано од:


Пренеси го гласот