БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Албанци се пишувале како Мaкедонци за да се вработат во Министерство за одбрана

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеникот Драган Ковачки во јавноста изнесува скандалозни информации за злоупотреба на институциите во интерес на политички профит на партиите на власт. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ алармира дека албанци се пишувале за МАкедонци со цел за да се вработат во Министерството за одбрана.

“Во Министерството за одбрана имаме најнов изум на кој никој во институцијата се немаше сетено. Барем досега.

Имено, политичкиот габарит Славјанка Петровска која си се испофали дека веќе инвестирала и ќе инвестира во човечки ресурси, има “иновативен” пристап во инвестирањето.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Еве ја најновата иновација и “инвестиција” во човечки ресурси на Петровска:

За да бидат примени како професионални војници, Албанци биле принудени да се пишуваат дека се Македонци. На тој начин им ги земале местата на кандидатите кои биле Македонци (?)!!

Овде има партиска математика и истата е пред се’ поради партиските договарања и обидите на распаднатите од СДС да им се додворат на зелените од ДУИ за да на изборите одат со заеднички листи.

Славјанка Петровска треба да знае дека одбраната на државата не трпи импровизации и изигрување на законите. За да го спаси трајно неспособниот Ковачевски од дебакл, не смее да им удоволува на своите газди од ДУИ и да си игра со полнење на армијата со кадри на кои утре ќе им ја довери одбраната на државата, а кои со лажна етничка припадност биле примени на работа во МО.

Славјанка Петровска е директно одговорна за ова изигрување на законите и партиските пазарења во кои СДС повторно е искористен еднократно од страна на газдите од ДУИ.

Се поставува прашањето дали Славјанка Петровска повторно потпишала нешто за кое не знаела, или да се изразам во нејзин стил – знаела ама не била информирана?”

-соопшти преку социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace