Во своето гостување во емисијата “Трилинг” н ТВ 24 Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски зборуваше на повеќе актуелни теми одговарајки на прашања на водителот.
На прашањето во врска со тоа дека Николоски во изминатите години предвидувал дека Македонија нема да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ и кога ќе добие датум, Николоски го изнесе клучниот факт кој што и штети на Македонија да не почне преговори со ЕУ, а тоа е актуелното раководство предводено од Зоран Заев во државата како кочница кој штети на евроинтеграцијата на земјата.
Јас не сум среќен што бев единствен во Македонија кој што погоди дека нема да има преговори и во 2018 и во 2019 и во 2020 за жал и во 2021 година. Не сум среќен затоа што сакам мојата држава да напредува, но тоа беа информациите којшто јас во континуитет ги споделував со јавноста затоа што сметав дека како политичар во опозиција е одговорно да го направам тоа во услови кога никој слушалка не кренал од власта и да ме побара и да рече од кај ти се сите овие информации, како ги имаш, дали можеме нешто да направиме заедно, единствен начин е да ги споделам во јавноста. Од различни причини Македонија не добива датум за преговори од 2018 година до денес, сум ги споделувал во јавност, дали е тоа договорот за да се влезе во иста група со Албанија , дали е тоа неспроведување на реформи, дали е тоа игнорирање на препораките кои што беа дадени во 2018 да се реализираат за година дена, дали е тоа случајот рекет, дали е тоа француското барање за нова методологија или бугарското вето, но тие се фактите. И за жал мислам дека со оваа влада на Заев Македонија нема да има датум за преговори се додека е оваа влада на Заев, од една едноставна причина што очигледно едно се кажува во јавноста а друго се ветува и друго се зборува на состаноци па очекувањата се кренале на бугарска страна и сега не може да се реализираат.
-соопшти Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски во врска со европерспективите на Македонија под раководство на актуелната власт на СДСМ предводена од Зоран Заев.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот