БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Алиу: Во текот на ноќта извршени 13 интервенции од Итна помош во Трубарево, 1 лице транспортирано на Клиниката за токсикологија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево извршени се 13 интервенции од Итната медицинска помош, при што едно лице е транспортирано во болница и извршен е транспорт на неподвижно лице до друго населено место.

–      – Министерството за здравство ја следи состојбата и здравствениот систем е мобилизиран за справување со новонастанатите предизвици. Од извршените интервенции на Итната медицинска помош, само едно лице е транспортирано во јавна здравствена установа, на Клиниката за токсикологија. Воедно, кризниот штаб кој веднаш како Министерство го формиравме, континуирано заседава и во следниот период ќе се преземаат соодветни мерки согласно околностите, порача министерот Алиу.

Директорот на Клиника за токсикологија, д-р Арѓенд Имери информираше дека пациентката која во текот на ноќта е примена на Клиниката за токсикологија е во добра состојба.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

–      – Пациентката имала и други пропратни симптоми и од тие причини е задржана на лекување, но најважно е дека се наоѓа во добра состојба. Денеска во текот на денот уште тројца пациенти се амбулантски прегледани на Клиниката и пуштени дома, истакна д-р Имери. 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace