“Сакаме да го зачуваме Македонецот во Македонија, за да можеме да бидеме свои на своето. Инвестираме и веруваме дека, не сакајќи да учествуваме во ниту една политичка трка, секогаш ќе можеме да ја застапуваме Македонија и нејзините интереси. Она што можеме и мораме да го оствариме заедно, е да бидеме посилни пред политичките цели на било која партија, за добробит на себеси и својата Земја.
И покрај сите искушенија, кои не беа наивни, успеавме да ја зачуваме сплотеноста и решеноста кон поголеми цели и резултати.
Ние со гордост можеме да тврдиме,дека веќе од Септември ,Каузата Македонец за Македонец,продолжува да работи на сите полиња, врзано за проширување и надградба на старите и почеток на некои од новите проекти.
Повикуваме сите кои што се чувствуваат дека можат да допринесат со мисла, дело и финансии,да ни се приклучат.
За подобра иднина на Македонецот,за подобра иднина на Македонија.
Канцеларија Македонец за Македонец
Три бисери-Аеродром-Скопје
078 215 352″
-соопштение на здружението “Аманет 1903-та Скопје”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здравјето почнува со добри навики: dm поддржа панел за машкото здравје и понуди dmBio и Sportness закуски на Health & Fitness Forum 2026 во Скопје
Објавен е „Буле и Куле мамкини и таткини“ – роман за младешкиот бунт и светот на возрасните
Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026