БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Андријана Јаневска за Илинден ќе настапи помеѓу нашинците во Преспа, Албанија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

ВО ОТСУСТВО НА ПОГОЛЕМИ ПРОСЛАВИ ЗА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ МАКЕДОНСКИ ПРАЗНИЦИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2 АВГУСТ- ИЛИНДЕН, музичките уметници и естрадни ѕвезди остануваат без работен ангажман и за претстојните празнични денови. Актуелната криза со Ковит-19 ги погаѓа сите делови од Македонското општество вклучително и музичката дејност. Ретки се музичките настани кои се закажани за прослава на претстојниот празник кој што од страна на властите ќе се одбележува со програма сведена на протокол со минимум содржини.

Во такви услови пеачката Андријана Јаневска е поканета да гостува кај нашинците во Преспа, Албанија да се претстави со свој концерт на плоштадот “Гоце Делчев” на 2 Август- Илинден со почеток во 20.00 часот.

“Ми претставува неизмерна чест што ќе го отворам годинешното “Македонско културно лето” во Албанија на ден Илинден! Преспа ми е под кожа, прекрасна природа и питоми и гостопримливи луѓе. Ви благодарам за поканата. ☀️”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-напиша на фејсбук пеачката Андријана Јаневска по повод овој настан во најава.

Креирано од:


Пренеси го гласот