Рашела Мизрахи е своевидна сензација на овогодинешниот коњички марш по повод овогодинешното празнување на Илинден и централниот настан кој што ќе се одржи на Мечкин Камен во Крушево.
Уште на самиот почеток на коњичкиот марш со првите објавени фотографии од страна на Мизрахи како еден од коњаниците на маршот таа предизвика огромни импресии на воодушевување од страна на љубителите и следбениците на оваа прекрасна традиција.
За волја на вистината во јавноста има и негативни коментари од страна на членови и активисти на СДСМ како и нивните медиумски “труби” кои што не бираат погрдни и понекогаш и дискриминаторски квалификации и навреди на лична основа упатени кон Рашела Мизрахи, кои што пак актуелните власти одбиваат да ги процесуираат во институциите на прогон.
Во текот на денешниот ден Рашела Мизрахи заедно со останатите коњаници помина кај црква Св. Петар и Павле во Кичево каде што беше дочекана од локалните жители кои што со нетрпение очекуваа да се фотографираат со својата миленичка.
Една од тие млади луѓе која што ја поздравија Мизрахи е и кичевчанката Викторија Никодиновска која ги сподели своите фотографии од средбата со нејзе на социјалните мрежи:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист