БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јанева кон Стефанова: Го_нарке, орос_ијо!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Се извинуваме на нашите читатели за експлицитниот речник кој што е присутен во оваа статија која ја превземаме од Сител.мк:

„Гомнарке и ороспијо една“, со овие зборови Катица Јанева и кажа на поранешната колешка од СЈО Лиле Стефанова, по што беше веднаш отстранета од судењето за „Рекет“.

При крајот на денешното сведочење на обвинителката Лиле Стефанова, кога таа го облече капутот да си оди, судијата Васка Николовска Масевска почна да ја предупредува обвинетата Јанева да не дофрлува од место, оти ќе биде отстранета.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Но, Јанева почна да вика: „Ороспијо и гомнарке!“

„Надвор, изнесете ја обвинетата од судница“, нареди судијката по што полицијата веднаш ја исфрли Јанева од судницата.

На излегување, Катица Јанева дојде кај новинарите, застана и рече:

„Оти мачето ѝ го возев, затоа не чинам“, нервозна и пред плачење рече Јанева.

Јанева во моментов е на скалите во судот, плаче, се тресе, а нејзиниот син Лазар ја смирува во присуство на полицијата бидејќи таа е во куќен притвор.

Денешното судењето заврши без Јанева.

-Превземено од Сител ТВ

Креирано од:


Пренеси го гласот