БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Јаневска: Со воведувањето на едносменско работење ги задржуваме децата подолго на училиште и тие повеќе се социјализираат

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска Министерката за образование и наука во Македонската влада Весна Јаневска беше на работна теренска посета на Општинското основно училиште “Ванчо Прќе” во штипско Ново Село заедно со градоначалникот на Штип Иван Јорданов.

Посетата се реализира во насока на афирмација на едносменското работење на училиштата што како концепт го наметна актуелната Министерка како дел од владините политики и реформи во образованието.

“Заедно со градоначалникот на Штип, Иван Јорданов го посетивме подрачниот објект на ОУ „Ванчо Прке“ во Ново Село каде локалната самоуправа со поддршка од МОН создава услови за воведување на продолжен престој. Со тоа, ќе одговори на барањето на родителите на учениците од ова населено место, но и ќе ја реализира иницијативата на Владата за воведување на едносменска настава, од која придобивките се повеќебројни.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

✅Со воведувањето на едносменско работење ги задржуваме децата подолго на училиште и тие повеќе се социјализираат. Го решаваме предизвикот со наставниците кои немаат доволен фонд на часови, да можат да бидат ангажирани во додатни наставни и воннаставни активности од интерес на младите.

❗️Преку работа во една смена ги намалуваме трошоците за функционирање на училиштата. Во ова придонес треба да дадат и самите училишни раководства, наместо да злоупотребуваат како училишниот директор во Струмица кој дозволувал во вечерните часови во училниците да се одржуваат состаноци на една политичка партија, мислејќи дека тоа нема да биде забележано.

ℹ️150 училишта во земјата имаат настава во една смена, а интенцијата е тоа да го направат сите. Информирам дека во други 245 училишта со двосменска настава во моментов правиме анализа со какви и колкави инвестиции можеме да создадеме услови за една смена. Процесот бара време и средства, но ќе бидеме истрајни и во неколку календарски години, ќе ја оствариме целта.”

-информираше преку социјалните мрежи Министерката Весна Јаневска.

Креирано од:


Пренеси го гласот