БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Средба на Премиерот Мицкоски со Крис Павловски- CEO на Rumble во Скопје

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари плодотворна средба со сопственикот на социјалната мрежа Рамбл- Крис Павловски кој што е со македонско потекло и Џанкарло Давасини кој што е сопственик на Tether.

“Денеска имавме чест и задоволство да оствариме прекрасна средба со Крис Павловски и Џанкарло Девасини, двајца исклучителни луѓе со силна визија, страст и желба за позитивна трансформација.

Џанкарло, како сопственик на Tether (USDT), е еден од највлијателните луѓе во светот на криптовалутите, а неговата посветеност кон иновациите и глобалниот развој е навистина инспиративна.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Разговаравме за идеи, потенцијални соработки и заеднички иницијативи кои можат да донесат вистински промени.

Благодарни сме за нивната поддршка, визија и вербата во македонскиот потенцијал. Ваквите средби се потсетник дека со вистинските луѓе, сè е можно.”

-информираше преку социјалните мрежи за денешната средба Македонскиот Премиер.

Креирано од:


Пренеси го гласот