На денешниот самит кој што иницијативата Македонија 2025 ја организираше во Скопје свое обраќање пред присутните и целокупната јавност имаше и Премиерот Христијан Мицкоски.
Тој во разговор со модераторката зборуваше за повеќе аспекти од неговиот делокруг на работа меѓу кои и за европските преспективи во поглед на интеграцијата на Македонија во ЕУ.
ЕУ беше, е и ќе остане наша цел, но за жал, ние сме единствената држава во Европа која нема предизвици втемелени на постигнувања или друг тип критериуми што важат за другите земји кои станале или се во процес да станат земји членки, истакна премиерот Христијан Мицкоски како главен лајт мотив во работата на владата која ја предводи.
Мицкоски нагласи дека за нас како држава критериумите според кои ќе може да се интегрира во ЕУ се од сосема поинаква природа.
-Дел од тие отстапки правени во минатото од голем дел од политичарите, се резултат на некои процеси во кои самите тие биле вовлечени па биле притиснати до ѕид и немале каде, дел од лекомисленост и чековерност, а дел од национална исплакнатост и неводење грижа ниту за жртвата дадена во минатото, ниту имале можност да имаат визија за иднината и сега, оваа Влада треба да живее со сето тоа и да се бори, дел од тој простор што некој претходно го зафатил, да го освои повторно. Тоа е тешко, не е лесно, но ќе се бориме,
-рече Премиерот Мицкоски пред големиот број присутни гости на настанот и нагласи дека за него и владата која ја предводи посветеноста и решеноста да се опстои и победи во оваа борба е апсолутна..
-Наша стратегија беше да го зафатиме теренот и да ги претставиме нашите аргументи. Тоа е демократската алатка што ја имаме на располагање, немаме друга. Ние сме еден од најмалубројните народи и држави во Европа и тоа е единствениот начин. Тоа значи дека треба да бидеме два, три пати подобри од сите други ако сакате да звучите логично и другите да ве разберат и треба да научите да победувате и во Вашингтон и во Брисел и во Берлин и во Париз и во Рим,… ако сакате да испратите поинаква порака од онаа што била слушана години наназад,
-рече премиерот во своето обраќање пред присутните и јавноста од денешниот настан..


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина