Драги мои, типично за Македонската салонска левица, вечерва произведуваат уште една нова лага дека нешто работат! Претседателот на барање на Владата воведе вонредна состојба во Македонија! Што значи тоа? Ништо, освен создавање на уште еден јавен привид дека решаваат проблеми. Како тоа го прават?
1. Немаат идеја што да се прави за невољата што надоаѓа.
2. Гледаат што прават другите и копираат.
3. Измислуваат проблем кој во вид на инсценирана претстава ќе се прикажува јавно.
4. Почннуваат да ги обвинуваат другите дека не го решиле проблемот што тие го создале.
5. Проблемот што го измислиле станува нерешлив затоа што реално не постои и јавноста почнува да бара одговорност од нив.
6. Одбиваат да прифатат одговорност.
7. Создаваат поголема криза со цел да го покријат предходниот проблем кој веќе им ескалира во јавноста.
Во 2001 направија војна, во 2015 државен удар.
Сега ќе имаат под контрола Влада со законска сила на вонредна состојба. Бившиот премиер кој нема никаква државна функција во работата на ова Влада во Вонредна состојба од партиското седиште во врска со активностите на Владата се обраќа со зборчињата “ние“ како тој да е Премиер.
Нека ни е со среќа и Господ напомош!
И Карл Попер!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Рекордно издание на Регионалната конференција за е-трговија: Над 900 учесници од повеќе од 12 земји
Прогласи на ѕидот
МИНИСТЕРКАТА БОЖИНОВСКА ДЕЛ ОД ДРЖАВНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА COP31 ВО ТУРЦИЈА