Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска реагираше во јавноста во врска со информациите дека лица и фирми кои што се во блиска релација со Зоран Заев и со власта добивале лиценци за производство на марихуана.
Притоа Јанушев реагира и за начинот и процедуритеспоред кои што државата и власта го контролирала овој бизнис во изминатите три години откако Зоран Заев е на власт.
во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата упатена до јавноста на Генералниот секретар на опозиционата партија:
“Скандалот со “канабис милионите на Заев” открива дека од производството на канабис криминално-рекетарската банда направила нова рекет машинерија.
Скандалот покажува дека лица и фирми блиски на Заев и власта се оние кои добивале лиценци за марихуана, но и она што е индикативно е тоа што постои огомен сомнеж дека дел од компаниите не ги исполнуваат законските услови.
Јавна тајна е дека контролата од државата во последните три години на голем дел од плантажите ја нема, а кога нема контрола има црн бизнис, и многу милиони.
Ова видео ја покажува алчноста на Заеви по пари, и зошто Заев ја третира државата како приватна фирма за богатење. И кога некој ќе праша зошто, одговорот е “за пусти пари го предаде својот народ, заради власт”!”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишени две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
Нова дигитална услуга на МВР, една од најбараните: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
Монструм од Ново Село ја врзал својата 11 годишна ќерка која плаче и моли пред камера