Ја поминавте црвената линија во лажење, креирање на лажни вести, редење на зборови во уста кои не се кажани. И изворот на ваквата кампања е Илинденска. Значи, луѓето таму наместо да работат за земјата и граѓаните, седат и размислуваат како да направат денес некоја пакост, да создадат некоја лага. Наместо да решаат проблеми, создаваат лаги.
Но, да бидам искрен и не сум изненаден, тоа е лицето на нервозата на Заев. А, времето ќе ја распрсне секоја лага креирана од Владата, и од платените од власта со државни пари – мегафони, како оној прогон и лага дека Мицкоски незаконски стекнал имот пред да влезе во високата политика, и десетиците пресови на fake социјалдемократите, кои беа демантирани од нивната Антикорупциска, па оние десетици лажни соопштенија дека не сум бил на настан во Берово зошто не сум сакал, она распнување со измислени атаци врз Димитар Димовски, Дејан Митески и редица други луѓе, и се на лажна основа.
И секако онаа последната хајка на лажни вести дека сме го прифатиле Договорот со Бугарија? А, каде има таква изјава, каде го слушнале тоа? Зарем толку можат да бидат површни и слабодушни од Власта? Зарем мислите дека има Македонец кој мисли дека ВМРО сега и било кога ќе каже нешто поинаку од тоа дека Гоце Делчев е Македонец, дека имаме наша Македонска историја и Македонски јазик?
Не сме ние од тој ков, ниту слични со оние малкумина кои ја окупираа СДСМ, ги избркаа чесните и ја направија fake Социјадемократска партија. Не ја навредувајте интелегенцијата со вашите лаги. Ова нема да ви го намали поразот, само ќе го зголеми и засили. Но, ваш е изборот, освен поразени, да шетате и со наведнати глави поради срамот кој го носите. Срамниот столб на историја е вашата страна која народот ќе ви ја покаже на 12ти април.
-фејсбук статус на Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!