Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во јавноста ги разобличи лагите на СДСМ и Зоран Заев во врска со наводните злоупотреби од страна на ВМРО-ДПМНЕ со финансирањето на кампањата за Претседателските избори во 2019 година.
Имено по одржувањето на Претседателските избори минатата година СДСМ преку нивниот портпарол Костадин Костадинов, повеќемина високи функционери на СДСМ и лично Зоран Заев во јавноста упатуваа пораки и лажни инсинуации дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ направила злоупотреба на пари за време на предизборната кампања на кандидатот Гордана Силјановска која беше поддржана од опозициската партија.
Денеска Игор Јанушев во јавноста обелодени информации дека во официјалниот документ на Државниот ревизор не се идентификувани никакви злоупотреби од страна на ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека на СДСМ и Зоран Заев најлесно им е да излажат во јавност и да се кријат зад своите лаги во јавноста.
Во продолжение во целост ја пренесуваме рекацијата на Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во врска со овие лаги на СДСМ и Зоран Заев:
“Нема ден да нема нова лага од власта, но и нема ден старите лаги да не се распрснат како меур сапуница.
Се сеќавате на оние лаги од СДСМ, Заев и портпаролите што градат кариера со лаги, како и на нивните обиди да се дефокусира јавноста од криминалите на Заев, кога велеа дека “незаконски” се финансирала кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, дека “спротивно на закон” се работело и што уште не?
Епа, демантот сигна од Државниот завод за ревизија. Во извештајот стои
“активностите, финансиските трансакции и информации, рефлектирани во Вкупниот финансиски извештај … во сите материјални аспекти, се во согласност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики”.
Тоа значи дека СДСМ лажеше како и за се друго. Најлесно нешто што можат да го направат им е да излажат, како што сега ја кријат вистината и лажат за амнестијата во собрание преку законот за јавно обвинителство, која треба да му ја осигура судбината на Заев да не одговара за криминалите, за рекетираните пари, за митото.
Но, вистината како за ова така и за се друго ќе излезе на виделина.
Ако има доблест Заев, како што ја нема, ќе излезе и ќе се извини за секоја лага упатена кон ВМРО-ДПМНЕ и кон мене како генерален секретар на партијата. И да бидам искрен не го очекувам тоа, но барем нека се сокрие и повеќе нека не се бламира пред целокупната македонска јавност.
Лагата во Македонија се вика Зоран Заев.”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање волонтери во Министерство за дигитална трансформација
Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето
Тошковски: МВР формира нова Единица за сајбер безбедност која ќе биде клучен столб за дигиталниот суверенитет на институцијата