БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Со двојазични табли во Штип се прави криминално наметнување на туѓи интереси, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот

Во врска со поставувањето на двојазичните табли на државни институции во Штип за кои што во минатото актуелни функционери на СДСМ кажуваа дека “двојазичноста е само во главите на вмровците” денеска со своја реакција во јавноста излегоа од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од оваа општина.

Санела Петрова од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека воопшто нема потреба за поставување на ваква двојазична табла во средина каде што доминантно населението говори на Македонски јазик а притоа се наметнуваат на криминален начин туѓи интереси.

Во продолжение во целост ја пренесуваме текстот од прес конференцијата на Санела Петрова од пред Државниот архив во Штип:

“Во најчистата етничка средина, во срцето на Истокот, се случуваат дејства со кои се загрозува постоењето на македонското етничко живеење.

И покрај негативните реакции за поставената табла на Одделението за трансфузиологија, насилничкото однесување на власта продолжува и во другите јавни институции.

Вчера беше поставена двојазична табла на Државниот архив, а такви табли има поставено и на други институции.

Иако градоначалникот дрско обвинуваше дека „сето тоа е во главите на ВМРО-вците“, сепак вистината веќе излегува на виделина. Во општина каде мнозинството од населението говори на македонски јазик и нема потреба од превод на јазикот на малцинствата, се прави криминално наметнување на туѓи интереси. Но, кога ќе се потсетиме на неуставното донесување на овој Закон и сериозните забелешки на Венецијанската комисија, јасно е дека ова зло институционално се провлекува во нашата држава.

Очигледно, целта на овој чин е понижување на Македонскиот народ!
Со секое поставување на двојазичната табла, се гази македонското достоинство!

Мнозинството, во сопствената држава стана заложник на малцинството, а националната припадност стана пазар врз кој се спасуваат политичките кариери на рекетарската власт!”

Креирано од:


Пренеси го гласот