Во текот на денешниот ден дополнителниот заменик министер за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски беше во работна посета на зелениот градски пазар во Виница. Од тука тој ја пренесе поразителната слика на состојбата на самиот пазар каде тезгите се полупразни со многу мал број на купувачи кои идат да пазарат на пазарот.
Во продолжение го пренесуваме соопштението на Цветан Трипуновски од неговата работна посета на зелениот пазар во Виница:
“Го посетив Градскиот пазар во Виница.
Иако среда е пазарен ден во Виница пазарџиите се жалат, тезгите се полупразни, а купувачи скоро и да нема. Сликата на пазарот е многу поразлична од пред 15 години кога овој пазар важеше за еден од поголемите во источниот дел на Македонија.
Во наредниот период ќе работиме на подобрување на условите за сите граѓани на Македонија и со тоа да ги заживееме градовите и селата во Македонија!”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево